Добрососедските односи да бидат критериум за членство на Македонија во ЕУ, односно да бидат посебно поглавје во рпеговорите со ЕУ. Та е првиот бугарски услов за да го тргне ветото.
Вториот услов е да се користи официјалното уставно име на државата- Репблика Северна Македонија, а не краткото, а третиот е формулацијата за јазикот наместо „македонски јазик“ да биде „официјален јазик“ на земјата-кандидат.
Ова се трите услови кои Бугарија бара да бидат вклучени во преговарачката рамка, објавуваат тамошните медиуми. Во текст насловен „Софија има голем проблем со Скопје, а не банален спор за историјата“,софиски „Медиапул“, ги објави барањата на бугарската страна повикувајќи се на дипломатски извори.
Проблемот во Скопје го гледа и претседателот на бугарската страна од комисијата за историски прашања Ангел Димитров. Тој за БНТ оцени дека првата блокада се должи меѓудругото на непочитувањето на Договорот со Бугарија од македонска страна. Прашан дали Европа ги разбира бугарските аргументи Димитров вели „историската вистина не може да се наметне со преговори, а компромисите се работа на политичарите“.
Вистината е дека големиот проблем е во Скопје. Ако тоа не се разбере, ако продолжат нашите пријатели таму да сметаат дека работите може да бидат одложувани и да се смета на бугарската добронамерност, јас имам чувство, а тоа го покажуваат и некои анкети, дека кога трпението и довербата ќе се исцрпат тогаш веќе не се прават отстапки, изјави Димитров.