Софиската филхармонија и светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески одржаа концерт во најпознатата сала за класична музика „Бугарија“, јави дописникот на МИА од Софија. Концертот вклучуваше тристепено дело на Лудвиг ван Бетомен за виолина, виолончело и пијано.
Заедно со Трпчески, свиреа и неговиот сонародник Александар Крапоски, виолинист од операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур, Франција. Концертот беше невиден успех, публиката во Софија долго време аплаудираше на Симон Трпчески и неговите колеги и музичари од Софиската филхармонија. Тој беше повикуван неколку пати на бис од софиската публика.
Меѓу гостите беа министрите за култура на Македонија и Бугарија д-р Ирена Стефоска и проф. Велислав Минеков, како и директорот на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија Сашко Насев и специјалниот пратеник на македонската Влада проф. Владо Бучковски. Меѓу гостите имаше многу дипломати од различни дипломатски мисии и странски културни центри во Софија.
Симон Трпчески за дописникот на МИА од Софија, изјави дека е многу задоволен од концертот со неговите колеги и дека има намера да дојде во Бугарија специјално за да го претстави музичкиот проект „Македонисимо“.
За деенска во Софија предводени е официјална средба на министрите за култура на Македонија и Бугарија. Тие ќе го разгледаат постигнатото досега, како и можнсостите за надградба на културните контакти меѓу Софија и Скопје.