Овие три работи откриваат каков е мажот во креветот
Начинот на кој тој зборува, јаде или ве допира сите тие се различни методи, кои можат да ви кажат дали некој може да ве задоволи во кревет. Зар не би било совршено ако би можеле да дознаете каков е мажот во кревет само гледајќи го? Е, па дури и тоа може, ако на тоа му посветите малку време и ги проучите неговите секојдневни карактеристики.
Како јаде
Дали вашиот маж јаде храна толку брзо како да утре ќе нема или бавно? Ако храната ја голта што е можно побрзо. Ако јаде брзо и малку, тој бара брзо задоволство, а таков е и во кревет. На брзина го решава прашањето. Ако е гастроном, ако ужива во храната и го остава најдоброто парче за последниот залак, тоа значи дека бара одложено и долго задоволство. Таков човек ќе има подобра техника во креветот и ќе биде многу повеќе сензуален под ќебето. Кога некој е многу пребирлив со храна, тоа обично значи дека нема да сака многу да експериментира во сексот.
Како зборува
Често по висина и бојата на гласот, ние одлучуваме дали некој е секси или не. Што е машкиот глас подлабок, тој на жените им се чини посилен и помоќен. Ритамот на говорот е важен во одредувањето дали некој е секси или не. Брз начин на зборување отприлика делува како личност која оди некоординирано. За такви мажи едноставно не може да се замисли дека би можеле да бидат добри во креветот, каде што координацијата и ритамот се важни. А ако станува збор за човек кој пелтечи и се збунува додека зборува, тоа е знак на човек кој има проблеми со предвремена ејакулација.
Како допира
Сите двојки поминува низ фазата први допири на првичните состаноци. За да го разоткриете, обрнете внимание на тоа како ве допира. Има многу сигнали за кои треба да обрнете внимание кога првпат ќе се сретнете и поминуваат време со личноста што ви се допаѓа. Обидете се лесно да го допрете по рака или колено и почекајте и тој да ви возврати со иста или слична мерка. Ако мажат почнува премногу брзо и премногу често да ве допира, тоа е лош знак. Ова често значи дека тој е малку себичен, дека сака да го води зборот и нема да ги почитува вашите желби во кревет.