Филмската екипа на „Минамата“, со Џони Деп во главна улога, побара и доби од Митрополијата црногорско-приморска црногорска благослов за снимање на дел од филмот во Михољска Превлака.

Снимањето на филмот  денеска започна официјално, а тимот од околу 200 луѓе работи во Островот на цевќето- Михољска Превлака и плажата Калардово во Тиват.

Филмски сет е поставен на самиот влез пред манастирските порти на Михољска Превлака, а ознаки за привремена филмска населба се поставени на улиците на Тиват.

Продуцентите на филмот планираат да го ангажираат локално население за статирање. Како што претходно беше најавено, тимот во Тиват ќе остане една недела.