Корисниците на Фејсбук веќе неколку минути не се во можност да се вклучат на оваа социјална мрежа.

При обид да се влезе на мрежата, се појавува порака дека „Фејсбук ќе се врати наскоро“ или на англиски „Facebook Will Be Back Soon“.

„Фејсбук во моментов е на потребно одржување, но ќе може да се вратите назад за неколку минути. Во меѓувреме, прочитајте повеќе за тоа зошто ја гледате оваа порака. Ви благодариме за вашата трпеливост додека ја подобруваме мрежата“, ова е пораката добиваат корисниците на Фејсбук кои не можат да се логираат.