Домашен сируп од мајчина душица и ѓумбир, велат, ја лечи кашлицата како од шега. Овој рецепт кружи на интернет и луѓето велат дека им помогнал уште од првиот ден од употреба.
ПОТРЕБНО Е:
– 3/4 чаша мед
– 1 1/2 чаши вода (додајте повеќе ако сакате да го разредите кога сирупот е веќе направен).
– 2 шаки свежа мајчина душичка
– 1 парче ѓумбир од 4 см.
ПОДГОТОВКА:
Ставете ја мајчината душица и ѓумбирот во водата и почекајте да зоврие, па оставете да крчка уште 5-10 минути. Потоа тргнете ја од огнот, додадете мед кој нежно ќе го мешате во сирупот и оставете да отстои половина до еден час. После тоа, префрлете ја содржината во шише или тегла и чувајте ја во фрижидер.
МЕТОД НА ДОЗИРАЕ:
– За возрасни: 3-5 лажици на ден
– За деца: 3-5 лажички на ден