Пациент отвори оган во болница во Прага и рани две хоспитлаизирани лица кои се наоѓале во неговата соба.
Инцидентот се случил околу полноќ. Еден од ранетите е во критична состојба.
Напаѓачот и двајцата ранети биле во иста соба во болницата на одделот за хематологија.
Полицијата води истрага за мотивите на напаѓачот кој пукал со пиштол и бил совладан од медицински сестри од одделот откако слушнале истрели.