Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека работи на укинување на меѓународните санкции против Русија, кои владејачката партија ги критикува како неефикасни и штетни по италијанската економија.

Обраќајќи се на конференција за надворешна политика во Џенова, Конте предупреди дека тие санкции, воведени откако Крим се приклучи кон Русија во 2014 година, никогаш не смеат да станат цел сама по себе.

Прашан дали Италија сака да ги укине, Конте одговори дека се работи на тоа.