Фејсбук, Инстаграм и Воцап денеска престанаа да работат за некои корисници во Британија и Европа.
Илјадници корисници се пожалија дека овие апликации и сајтови не ја вчитуваат содржината, вклучувајќи статуси, фотографии и видео снимки.
Онлајн трагачот Даун Детектор денеска во 14 часот почна да бележи неколку стотици жалби за Инстаграм. Потоа следуваа жалби на Фејсбук и Воцап.
Корисниците се жалеле на логирање, вчитување на содржини и дека сајтовите не функционираат.
Како што пренесе британскиот весник „Сан“, најмногу биле погодени Британија и централна Европа, но не биле засегнати сите корисници, па така Фејсбук и Инстаграм во редакцијата на весникот функционирале.
Фејсбук досега не објави официјален одговор.