Кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел изјави дека е формирана специјална комисија која ќе ги утврди причините за авионската несреќа во која загинаа најмалку 110 лица.
Истражувачите ги прегледуваат остатоците од авионот со дел да најдат евентуални траги за причините за падот на авионот.
Авионот од типот „Боинг 737-200“, на мексиканската компанија „Дамох Аеролинес“, изнајмен од кубанскиот авиопревозник „Кубана де Авиасион“, се урна вчера набрзо по полетувањето од хаванскиот аеродром „Хозе Марти“. Требало да лета од Хавана до градот Олгин во источниот дел на Куба.
Веднаш по инцидентот, авиокомпанијата „Кубана де Авиасион“ приземји некои од нејзините летала.
Изминативе месеци „Кубана де Авиасион“ повлече од сообраќај неколку свои застарени авиони, поради што беше приморана да изнајмува летала од други авиокомпании.
Паднатиот авион бил произведен во 1979 година.