Коалицијата ЦДУ/ЦСУ предводена од канцеларката Ангела Меркел падна на досега најниско ниво на поддршка откако се случи внтрешниот судир предизвикан заради кризата со бегалците и имигрантите.
Од друга страна, крајно десничарската и антиимигрантска партија Алтернатива за Германија (АФД) бележи највисок процент на популарност, покажала анкетата на ДојчландТренд направена од Инфратест Димап за јавниот сервис АРД.
Според анкетата, Христијанско демократската партија (ЦДУ) и баварската Христијанска унија (ЦСУ) паднале на 29 проценти, додека АФД стигнала до рекордните 17 проценти.
На изборите во септември лани Унијата доби 32.9 проценти, социјалдемократите (СПД) 20.5, додека АФД стана трета партија со освоени 12.6 проценти од гласовите. Според последната анкета, СПД има поддршка од само 18 проценти и ако продолжи тој тренд АФД ќе стане втора политичка сила во земјата.
Истотот истражување покажало дека во моментов двајца политичари од СПД се популарни од Меркел – министрите за надворешни работи и за економија, Хеико Мас и Олеф Солд, додека канцеларката е трета.
Левичарската Линке останува цврсто со 9 проценти поддршка, а Слободните демократи (ФДП) паднале за еден процент и сега имаат 7 проценти поддршка, додека Зелените се со 15 проценти.