Верувам дека ќе сакате да донесете одлука со која на Македонија широко ќе и се отворат вратите кон иднината. Навиваме за вас, се надеваме на најдоброто. Среќно Македонијо, вели во видео пораката до македонските граѓани словенечкиот претседател Борут Пахор во пресрет на референдумот.
– Драги македонски пријатели. Во недела ќе одлучувате за вашата судбина. За судбината на вашите деца и внуци. Ќе одлучите според ваша совест, како што вие мислите дека е најдобро за вашата иднина и иднината на вашите деца. Како Ваш пријател сакам да ви кажам, тоа е мојата оценка, дека за Македонија, за Европската унија, за Европа, за сите нас, а најмногу за вас, најдобро е да го поддржите договорот, и со тоа широко да ја отворите за Европската унија и НАТО, вели Пахор во видео пораката.
Тој на македонските граѓани им порачува дека „на овој свет ништо не е идеално, вклучувајќи го и овој договор, затоа разбирам дека има дискусии и мерења за тоа кој е во право, а кој не“.
– Во Словенија исто така минавме низ тешка одлука и се најдовме на историски важна раскрсница, да им дадеме предност на храбрите одлуки, на зрелите одлуки, одлуки со кои и отворивме врата на иднината и не ни е жал за тоа, наведува шефот на словенечката држава во видео пораката до македонските граѓани во пресрет на референдумот