Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми.
Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац.
Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо.
Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави.
Последните вести говорат дека на електронските адреси на 78 основни и 37 средни училишта во белградските општини денеска пристигнале дојави за поставени експлозивни направи, соопшти Министерството за образование на Србија.
Екипи на српското МВР се на терен, а учениците и вработените се евакуирани, се посочува во соопштението и се додава дека за да се обезбеди безбедност на учениците и вработените, наставата во прва смена е прекината до завршување на полициската проверка.
Некои училишта веќе се проверени и наставата се одвива без проблеми.