Тврдењата на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во целост ги отфрламе како невистинити и тендециозни, реагираат од Агенцијата за национална безбедност по неговата денешна прес-конференција јавува „Фокус“. Чулев обвини дека АНБ, се уште има можност да прислушува, односно дека оптичкиот кабел, кој наместо од Оперативно техничката агенција директно да оди до МВР, продолжува во АНБ. Од Агенцијата тврдат дека не располагаат ниту со опрема за прислушување, ниту со медијациски уреди за активирање.

„Опремата за следење на комуникации со кои располагала поранечната Управа за безбедност и контраразузнавање е предадена на Оперативно техничката агенција, на ден 27.10.2018 година, за што е изготвен соодветен записник за примопредавање потпишан од директорите на УБК и Оперативно техничката агенција“ се вели во одговорот кој го пренесува Фокус.

Но, техничкиот премир Спасовски, вели нешто поинаку:

– Ние имаме Оперативна техничка агенција, без којашто нема пристап до телеком операторите во државата и затоа се направи таа реформа. Агенцијата за национална безбедност и има право на следење на комуникации, кои се однесуваат на заштита на уставниот поредок на Република Северна Македонија и заштита од висока корупција и криминал, додека истражните постапки ги водат органите кои се надлежни за водење на истражна постапка, а тоа е Бирото за јавна безбедност, тука е Царинската управа, тука е финансиската полиција. Така да како што е припишано во законот така и треба да се одвиваат сите постапки и сите истраги, вели Спасовски.