Денеска во македонското Собрание СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот економски мерки за спас на економијата и животниот стандард на граѓаните.
Ова се истакнува во денешното соопштение од СДСМ, која сега ќе им го спасува животниот стандард на граѓаните што им го уништи додека беше на власт.
– За само 8 месеци неспособноста на власта драматично ја влоши економската состојба во државата. Животниот стандард опаѓа, цените на храната пораснаа за 20%, трошоците за живот за 4,9%, сметките за струја се зголемени за 30%, поскапе и парното за 5% а платите стагнираат. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и едвај врзуваат крај со крај борејќи се огромната скапотија. И останатите економски параметри се влошени, индустриското производство е намалено за 1,4%, извозот е намален за 5,9% а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава. Неспособноста на Владата на Мицкоски ја води земјата во економска криза, додека граѓаните се оставени без никаква помош. Политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема одговор на растечката скапотија и сиромаштија. СДСМ има 7 мерки, пакет решенија за спас на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики. Ги повикуваме сите пратеници во Собранието да ги поддржат овие мерки и да застанат во заштита на граѓаните!- се вели во соопштението од СДСМ.
На ова реагираат од ВМРО-ДПМНЕ:
– Партијата која седум години го девастираше животниот стандард и чии функционери како да не виделе крадеа од истите тие граѓани, сега ќе го спасува животниот стандард кој самите го урнисаа. Во стилот на волшебникот Тарара кој е 5 минути добар, а пет минути лош, така и СДСМ кога се на власт го опустошуваат стандардот, а кога се во опозиција го спасуваат. Во тој препознатлив манир, веста од рубриката „Верувале или не“ силно одекна во Македонија: Опозициската СДСМ најави дека денеска до Собранието ќе поднесе низа законски решенија како дек од мерките за кои велат ќе помогнат во спас на економијата и животниот стандард на граѓаните! Од партијата велат дека покрај животниот стандард, пад бележат и останатите економски параметри, индустриското производство, извозот а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава?! Додаваат дека досегашните политики на кошнички не дадоа резултат, а власта не можела да се справи со растечката скапотија и сирoмаштија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Понатаму во реакцијата се додава:
– Проблем е што животниот стандард ќе ни го спасува Филипче, кој беше дел од 7-годишната девастација на Македонија, а неговата потпретседатетелка Фани Сорос во исто време додека сегашниот претседател на СДСМ беше инволвиран во аферите со вакцините, модуларната болница, онкологија и дузина други морбидни скандали, таа си земаше три илјади евра плата од Фондацијата на Сорос. Не’ спасуваат во време, кога првиот лидер на Филипче Заев гради стокатници во Дубаи, а вториот му шеф Ковачевски е осомничен дека правел рушвет со Груби. СДСМ најави 7 мерки, пакет решенија кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики. Граѓаните, кои се бескрајно благодарни што се спасени со животниот им стандард од СДСМ, се шегуваат по социјалните мрежи дека имаат голема среќа што истите никогаш нема повторно да дојдат на власт, за да пак го девастираат истиот тој животен стандард…ПАКЕТ- реагира ВМРО-ДПМНЕ: