Неколку десетици луѓе се повредени во земјотрес кој денеска го погоди пакистанскиот дел на Кашмир, два дена по силниот земјотрес во истата област во кој загинаа најмалку 37 лица.
Во денешниот потрес оштетени се голем број куќи, а најтешко погодена е областа Мирпура, исто како и при земјотресот во вторникот.
Локалните жители две ноќи поминаа спиејќи надвор, во страв дека нивните куќи ќе се урнат после уште еден потрес.