Пакистан засилува напори против исламски милитанти и како дел од борбата против забранети организации, валдата презеде контрола врз 182 верски школи и приведе преку 100 луѓе поврзани со милитанти.
Министерот за внатрешни работи рече дека акцијата е планирана од порано, а не е одговор на индиското негодување дека Пакистан е неспособен за контрола врз региони каде дејствуваат милитанти.
„Покраинските власти презедоа контрола врз 182 верски школи“, нагласи во соопштение пакистанскиот министер.
Безбедносните сили денеска пртивеле 121 човек како превентивна мерка.
Верските училишта се тема во длабококонзервативниот Пакистан каде тие школи често се главен виновник за радикализација на млади, но во исто време се и единствени образовни институции кои на сиромашните им пружаат едикација. Властите презедоа контрола и врз факултети, 163 амбуланти, пет болници и осум седишта на забранети органзиации.