Сенаторка од Аризона, Марта Мексали, прва жена американски пилот која учествувала во борба, објави синоќа дека била силувана додека била во армијата.

Мексали (52) која поминала 26 години во воздухопловните сили,и била командант со борбена ескадрила, за време на сослушување во сенатска комисија за сексуални напади во армијата, изјави дека била жртва на силување.

– Доживеав сексуален напад во армијата, но не го пријавив. Како и многу мажи и жени во тоа време не му верував на системот. Бев посрамотена и збунета, нагласи таа.
– Извршителите ја злоупотребија својота фунција и во еден случај надреден офицер ме нападна и ме силуваше.

Мексали се пензионирала со чин полковник и била во авијацијата на армијата до 2010 година.

Во извештај од 2018 година, Пентагон наведува дека бројот на случаи на сексуални напади пријавени од војници е зголемен за 10 отсто во фискалната 2017 година. Пентагон добил 6.769 известувања за сексуални напади во кој се вклучени припадници на армијата како жртви или извршители.