Британија веројатно ќе мора да го одложи излезот од Европската унија ако пратениците на гласањето следната недела го отфрлат владиниот предлог за излез, изјави денеска британскиот министер за финансии Филип Хамонд.

– На Владата и е многу јасно каков е ставот на Парламентот по ова прашање. Парламентот ќе гласа да не се излегува без договор од Европската унија. Во тоа сум прилично уверен, изјави Хамонд за Би-Би-Си.

Британските пратеници на 15 јануари гласаа против предлог договорот на премиерката Тереза Меј, а ново гласање се очекува на 12 март. ј