Пакистански суд денеска ја поништи смртната казна на која во отсуство беше осуден поранешниот претседател и генерал Первез Мушараф, со образложение дека посебниот суд кој ја спроведуваше постапката бил неуставен.
– Поднесувањето на тужбата, воспоставувањето на судот, изборот на обвинители, беа противзаконски…Целата судска постапка се поништува, изјави државниот обвинител Иштиак Кан, кој ја застапува Владата пред Високиот суд во Лахор.
Посебен суд на 17 декември во отсуство го осуди Мушараф на смрт „поради големо предавство“, бидејќи вовел вонредна состојба во земјата во 2007 година.
Судот сега може да одреди ново судење за поранешниот шеф на државата, кој е обвинет и за други кривични дела, меѓу кои и за убиство на поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто, како и племенскиот водач на југозападната пакистанска покраина Балучистан.