Вооружени напаѓачи денеска убија христијански свештеник и раниле негов колега во заседа во градот Пешавар во северозападниот дел на Пакистан, соопшти полицијата.
Непознати напаѓачи отвориле оган врз автомобилот во кој се наоѓале свештеникот Вилијам Сираџ и неговиот колега кои се враќале дома од црква во градската област Чамкани, изјави полицаецот Харун Кан.
– Колегата на Сираџ е надвор од животна опасност и се наоѓа в болница, изјави портпаролот на болницата Мохамад Асим.
Засега никој не ја преземал одговорноста за нападот.
Во изминатите денови во овој регион забележано е зголемување на екстремистичките напади, а одговорноста за повеќето од нив ја презеде Техрек-е-Талибан Пакистан (ТТП), група поврзана со авганистанските талибанци.