Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека разговорите за нуклеарниот договор со Иран треба да се забрзаат, соопшти Елисејската палата.

„По прашањето за нуклеарниот договор од 2015 година, претседателот на Републиката го повтори своето убедување дека дипломатското решение е можно и неопходно. Тој истакна дека евентуалниот договор мора да содржи јасни и доволни обврски за сите страни, за кој Франција работи со сите нејзини партнери“.

„Неколку месеци по продолжувањето на разговорите во Виена, тој ја истакна потребата од нивно забрзување за да се постигне резултат“, се вели во соопштението.

За време на долгиот телефонски разговор со Раиси, Макрон ја истакна потребата Иран да покаже конструктивен пристап и целосно да се врати на своите обврски.