Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики изјави дека израелската офанзива на Појасот Газа е „војна за одмазда“ и повика на прекин на „едностраната агресија“.

„Овој пат војната што ја води Израел е поинаква. Овој пат тоа е војна за одмазда“, рече Ал Малики во Хаг, според „Тајмс оф Израел“.

Тој смета дека прво треба да се прекине оваа „еднострана агресија“, а потоа да се повика на прекин на огнот“, пренесува Танјуг.

Израелскиот портал потсетува дека властите во Израел ветиле дека ќе ја уништат палестинската милитантна група Хамас.

Тие почнаа да го напаѓаат Појасот Газа по ненадејниот напад на Хамас врз јужен Израел во кој загинаа околу 1.400 луѓе, повеќето цивили, а зедоа најмалку 224 заложници.