Американската актерка Памела Андерсон го посети основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж во британскиот затвор Белмарж.
По посетата, Андерсон изјави дека Асанж нема фер третман и дека не заслужува да биде во затвор со обезбедување од највисок степен.
Холивудската актерка, која и претходно го бранеше Асанж, изјави дека тој е невин и дека нема фер третман.
– Убаво е што го видов, но ова е злоупотреба на законот. Апсолутно е шокантно што не можеше да излезе од својата ќелија, рече Андерсон.
Асанж е осуден на 50 недели затвор поради кршење на правилата за условна слобода, а САД бараат негова екстрадиција поради наводно хакирање на компјутер во Пентагон.
Затворот Белмарж во југоисточниот дел на Лондон го споредуваат со тој на Куба во кој американските власти ги држеле најопасните исламисти, пред се поради тоа што во британскиот „Гвантанамо“ се сместени исклучително опасни затвореници.