Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска изјави дека „постојат цели европски градови, како Манчестер, Лондон, Ротердам, Брисел и Келн, во кои директно се спроведува исламски закон“.

– Или ќе го поразиме исламскиот фанатизам сега, или се ризикува да стане предоцна, рече Салвини.

Италијанските медиуми пренесуваат дека тој ова го рекол одговарајќи на прашање за стравот од исламизација на Европа, кое му било поставено за време на обраќање на собир во гратчето Конкорецо во близина на Монца.