Еден ученик убиен, осум лица се ранети во пукање во училиште во Даглас, предградие на Денвер, во сојузната американска држава Колорадо.

Властите соопштија дека се уапсени две осомничени лица поврзани со пукањето.

Се претпоставува дека нема повеќе напаѓачи, но, сепак, полициски тимови и натаму ја пребаруваат секоја просторија во училиштето.

Степенот на повреди на ранетите лица засега не е познати.