Неколку училишта на југ во Кина користат „паметни“ школски униформи со чипови за да се надгледува дали ученици бегаат од часови, објавија кинески медиуми.
Униформите имаат чип што локализира ученик и може да регистрираат влез и излез од школото.
– Кога ученикот ќе стигне во школо, чиповите го фотографираат неговото влегување во зградата, изјави директорот на едено ОУ во провинцијата Гуејџоу каде се користат „паметните“ униформи од ноември.
Половина од децата од тоа училиште носат такви униформи.
Најмалку 10 школи во таа и соседната провинција Гуангси ја користат новата техника за надгледување на учениците. Доколку ученикот излезе од школо без дозвола, се вклучува аларам. Некои училишта веќе регистрираа поголемо присуство на ученици.