Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од четири до 11 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура до минус три,  а дневната температура ќе достигне до пет степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со значителен пораст на дневната температура. По одделни котлини и понатаму ќе има услови за појава на магла и пониски дневни температури. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во понеделник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник претпладне. Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови повторно опаѓање на температурата.