Пред преполна сала се одржал празничниот концерт на Горан Бреговиќ и неговиот Оркестар за погреби и свадби во Пловдив на 18 декември, пишуваат бугарските медиуми.

Во видно добро расположение, „балканскот гениј“, како што го нарекуваат медиумите во Бугарија, ги исполнил своите најголеми хитови пред 3000 лица, кои во текот на целиот концерт не престанале да пеат со него. На крајот на концертот немало присутен кој седи.

Неколку различни генерации аплаудирале на српскиот музичар и неговиот бенд.

Концертот требало да се одржи во септември, во Античкиот театар на Пловдив каде се извишува голем споменик на Филип Втори таткото на Александар, но бил одложен за декември.