Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, „златната копачка“ на Европа, Дарко Панчев, за „Би-би-си“ на српски јазик даде изјава со која го омаловажува успехот на европскиот ракометен првак Вардар и односот на македонското општество кон ракометот воопшто.
-Да се споредува ракомет со фудбал е како да споредувате професор од средно училиште во Скопје со Ајнштајн. Па кој гледа ракомет во Европа? Нашите луѓе се желни за успех, да играме во европско финале во кугање и да имаме голема сала и таа би била полна. Кога сте виделе деца да се соберат во школски двор и да играат ракомет? Денес децата не играат ништо, можеби фудбал или кошарка, изјави Панчев.
Ракометарите на Вардар двапати беа европски клупски шампиони, во 2017 и во 2019 година.