Владимир ПАНЧЕВСКИ, екс претседател на Основен суд Скопје

Чудна сорта на “шарени судии” пријавена имотна состојба со долгови и кредити, а во ѕидовите милиони уштекани! Нема потекло нема основ, само купишта пари, земени врз нечија несреќа и судбини!

Обвинителството ги гали и негува судивчињата и обвинителчињата не дај Боже затворски притвор да добијат, туку дома да си одлежат за не дај Боже ако ги осудат воопшто некогаш!!!

ЗРЕЛИ СЕ ЗА ВЕТИНГ И ПРОВЕРКА НА ИМОТНАТА СОСТОЈБА, но не од досегашните органи кои очигледно не си ја вршеле работата!

Ќе се присетам само како за мене определија притвор тандемот судија Валентина Ѓорѓиевска и обвинителката Цветанка Богоевска двете од Велес!

Притворот што го определи Основниот суд во Велес, преку судијката Валентина Ѓорѓиевска, формално требаше да трае најмногу 30 дена. Тој беше определен на рочиште на кое јас не беше присутен и немав уредна достава, притвор определи без присуство на адвокат или поставен адвокат по службена должност, што е задолжително по закон. Во тој момент јас уште бев судија со активен имунитет, а Судскиот совет – кој мораше да биде консултиран – воопшто не беше вклучен. Ниту реагираше.

Судијката го изрече притворот уште на првото рочиште, без да има уредна достава, без проверка од МВР дали сум достапен, тоа не ги интересираше, притвор мораше да има нареди Заев, тогаш. Судот воопшто не примени други поблаги мерки за обезбедување присуство како што е законски на пример стражарно да ме приведе со полиција ако ете не сум дошол на судење. Но наредбата беше ПРИТВОР и веднаш се посегна по најтешката мерка. Притвор во затворски услови!

Обвинителката Цветанка Богоевска без трошка совест тогаш јавно изјави дека предложила притвор затоа што од медиумите слушнала дека сум бил разрешен како судија – без да го провери тоа. За ова никој никогаш не сносеше одговорност. Напротив, Богоевска стана главен обвинител во Велес, а Ѓорѓиевска – претседател на Основниот суд Велес и се уште до денес се на овие позиции.

Тоа е правдата во Македонија! И денес го чекаме Стразбур да и суди, ќе почекаме и ќе им пресуди но, дотогаш уште многу судбини ќе уништат овие “слободниве ѕидари”.