Едно од најзначајните податоци во „Пандора документите“, пе дека црногорскиот претседател Мило Đукановиќ и неговиот син криеле пари на офшор сметки.
Вашингтон пост објави дека во 2021 година, швајцарска фирма помогнала да се создадат две фонда на Британските Девствени Острови. Во еден, наречен Викторија Труст, Ѓукановиќ се јавува како корисник; другиот, Capecastel Trust, бил на име на неговиот син Блажо.
Ѓукановиќ за Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, кој ги објави документите „Пандора“ изјавил дека ја формирал Викторија траст во 2012 година кога не врешел државна функција и бил ангажиран во свои деловни работи.
Помеѓу 2010 и 2012 година, Ѓукановиќ не беше на јавна позиција. Сепак, тој беше претседател на ДПС (Демократска партија на социјалистите), која формираше влада под негово директно влијание.
„Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ќе поднесе оставка од таа позиција ако се грижи за угледот на државата“, рече вицепремиерот Дритан Абазовиќ, пренесува Еуроактив.
Сестрата на Ѓукановиќ, Ана Коларевиќ, беше наведена во Панамските документи објавени во 2016 година.