Денес претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средбата со жителите на општина Демир Капија  го најави Интервентниот план за инвестиции – кој е над 8 милијарди евра.

-Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема  големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат и работ во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат” – рече Заев.

Трендот на берзанско покачување на струјата, посочи Заев, беше видлив уште во првото полугодие и Владата презема соодветни активности, како што е намалувањето на ДДВ на електричната енергија од 18 на 5 проценти и на тој начин успеваме да ги амортизираме дел од трошоците, кои граѓаните би ги сносиле ако државата не интервенира.

-Вториот дел е директната интервенција што државата ја прави со енергетскиот производител ЕСМ за да можеме да држиме стабилна цена на струјата на домаќинствата, иако таа е неколкупати зголемена, еве 4-5 пати, зависи од кога земате мерења. На два начини правиме субвенционирање. Едното е директно ги помагаме ЕСМ за да може производната разлика со таа за граѓаните да ја платиме од Буџетот, со средства од граѓаните, а тоа да не го плаќаат граѓаните. Вториот дел е субвенционирање на цената што се набавува на отворен пазар, за до 100 проценти се покријат домаќинствата и така ќе продолжиме – изјави Заев.