Горд што сум Македонец, а уште по горд сум што и Гоце Делчев е Македонец. Ние сите тука сме Гоцеви синови и ќерки, истакна на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Партискиот институт на партијата Александар Пандов.
Пандов нагласи дека во моментот во државата владее мафија на власт која сака да го продаде Гоце Делчев.
„За жал во Република Македонија на власт е мафија, мафијаши кои не ценат ништо и ништо не им е свето. Истите тие решени се да го продадат и најсветото, да го продадат Гоце Делчев“.
Како што истакна Пандов, за да се спречи ова потребно е масовна излезеност, поддршка и сплотеност од страна на граѓаните.
-Ние, како Македонци сме сега повикани да го спречиме да го направат тоа, меѓутоа сите вас сакам да ве предупредам ниту ВМРО, ниту Христијан Мицкоски, ниту Александар, ниту било кој од нас тука, не можеме тоа сами да го направиме. Единствениот начин како можеме да ги спречиме е да излезе народот, многу народ на македонските улици, во македонските села и градови, сплотени и единствени. Само така и никако поинаку можеме да покажеме и докажеме дека тука, во Република Македонија живее народ чесен и достоинствен, народ кој говори на Македонски, народ кој што пишува на македонски, народ ии припадници се идентификуваат како Македонци. Ако сакаме да ги испочитуваме сите патриоти, илинденци, асномците, уставобранителите, жртвите и страдањата кои што ги имаат дадено за Република Македонија тоа е патот по кој што можеме да одиме, додаде Пандов.
Пандов, упати повик до сите граѓани да им се придржат на сите наредни протести на кои јасно и гласно ќе порачаат дека во Македонија живеат Македонци.
-Затоа повикувам, не само вечерва туку и во сите наредни протести кои што ќе ги организира ВМРО да излеземе уште помасовно, подостоинствено и јасно и гласно да кажеме дека ние сме Македонци и живееме во Република Македонија.