На ,,професионалниот сведок“ Нинџа, денешниот исказ за настаните од 27-ми април, му е 6-ти по ред. Како Вилма Рускоска притвара одредена група патриоти, така се појавува Нинџа како сведок. Благодарение на неговите претходни сведочења како соработник на обвинителството тој доби 8 години, а уставобранителите добија по 12, 15 и 18 години робија.
Денес на тапет на Вилма и Заев се експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски, бившиот директор на УБК Владимир Атанасовски и поранешните министри Спире Ристовски и Миле Јанакиески. Повторно сведок соработник Нинџа, па тој започнува: „Пред парламентарните избори во декември 2016 година, пред Собранието имаше протести, зборуваа за т.н. Тиранска платформа, двојазичност… Александар Пандов, професорката Ачковска, Братислав Димитров, Никола Србов, Тони Михајловски, Неделковски, Мирка.“
Целата реченица е тотално неточна. Прво луѓето кои ги набројува функционираа во граѓанско движење познато како ГДОМ, но нашето функционирање и говорење по трибини низ Македонија и во Скопје е во периодот од февруари – јуни 2015 година, каде говоревме за инволвираноста на Заев и Верушевски во телефонските разговори кои што се појавија, а воедно и политичката позадина на целата таа монтировка за носење насилно на власт на СДС и Заев, со цел промена на уставното име на Република Македонија. Тиранската платформа не постоеше, па не знам како сме можеле да ја коментираме. Конечно ќе потенцирам дека и трибините ни беа во културни домови и спортски сали, а не пред Собрание. Точно е дека како ГДОМ го поддржавме најголемиот воопшто одржан семакедонски собир кој беше пред Собрание и на него како претставник на ГДОМ говореше само професорката Виолета Ачковска, но и тој да потсетам беше на 18.05.2015 година, а не пред изборите во декември 2016 година. Се ова е барем лесно проверливо и за Рускоска, а и за судијата. Така што Нинџа лаже за ова, а и за се останато и зборува што му кажале Вилма и Заев да зборува!
Сето ова е огромен срам за Македонија и македонското судство. Кога дојде ред од исказ на Нинџа да можеш да јадеш робија, тогаш тури му кур и на право и на правдина. Туку прво нешто што треба да направи новата Влада на ВМРО е да ги исправи сите неправди направени врз македонските патриоти, кои неправедно ради нинџи лежат по македонските зандани!