Може сега дијаспората ќе ја поправи грешката со гласање за Бугаринот испратен со наши пари од Националниот сервис (некогаш викан МРТВ) со вмровски директор кому му беше арно и порано и сега. Нема друга работа дијаспората, туку наутро да р’мба, а навечер да ги дава парите за да гласа за такви како Тамара и сегашниот, за да не им се налути гордата Созен.

Инаку, Гоце Панговски е Македонец кој живее во САД, па веројатно се најде погоден од објавата на „гордата“ пред вде години. Посебен интерес му е македонската историја.