Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80 отсто ќе живееме нормално, изјави микробиологот проф. д-р Никола Пановски во Студио 10 на ТВ 24.
– 33.000 дози од вакцината против Ковид-19 не се многу, ама ќе помогнат во февруари, таму каде се најпотребни. Здравствените работници ќе мора да издржат до февруари. Најверојатно вакцинирањето од грип е беспотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата, нема одење по слави, по спортски натпревари, концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет, но речиси половина од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. Според мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80 проценти ќе живееме нормално, рече Пановски.