ПАНОВСКИ: Не може да се дозволи во време на пандемија профитерство на приватните болници

/ 03.12.2020

Микробиологот Никола Пановски во емисија на Телевизија 24 обвини за воено профитерство на приватните болници, пренесуваат повеќе портали од гостувањето на докторот.

Според него, државата не смеела да дозволи да профитираат на грбот на граѓаните, туки сите заеднички да работат под Фондот за здравство.

Епидемија не може да се води со средства на граѓаните, вели Пановски.

-Веројатно има некој интерес за тоа да се дозволи. Не знам зошто би се дозволило инаку медицинските лица да работат со опасност, да викате дека тоа е нивна работа. Нивна работа е за лична болест на некој човек кога се лекува, да избере кај се лекува. Ова е епидемија, пандемија, ова е општа работа, значи не може да се дозволи на некој да работи со тие цени во време на пандемија – кажа Пановски.


Од истата категорија