Д-р Никола Пановски, во врска со мерките на Владата, на Филипче и на Комисијата за влез во ресторани или на настани каде има повеќе од 30 лица, ја истакнува нивата апсурдност велејќи дека ако денеска примите втора доза од било која вакцина, ќе добиете сертификат и ќе можете слободно да влезете било каде, но ако сте вакцинирани со Фајзер, имунитет ќе добиете по еден месец и половина, а ако сте вакцинирани со кинеска вакцина, имунитетот ќе го добиете дури по три месеци. Во меѓувреме, вие сте неззаштитетн исто као и невакцинирните.
-Мерката да не се собираат во затворен простор требаше да постои цело време. Иако задоцнета таа мерка е добра, не требаше да се дозволи собирања и свадби. Останатите мерки, како сертификати немаат никаква врска со епидемиологија и медицина. Ако овие седум дена се вакцинирате со прва доза, можете да одите каде сакате, но имунитет ќе добиете по 3 месеци, ако е кинеска или месец и пол ако е Фајзер. Тоа е начин луѓето да се натераат да се вакцинираат, вели Никола Пановски за Канал 5 коментирајќи ги мерките на Владата во врска со пандемијата.
Но, ако вие добиете заштита макар и по три месеци, тоа не значи дека не можете да се заразите и да го пренесувате вирусот, сеедно што сте вакцинирани. Општо прифатен заклучок во светот е дека вакцинирнаите и натаму вршат трансимисија на вирусот, па нејасна целта на овие мерки. Во тој круг спаѓа и неуката пропаганда која се врши а која ги посочуга со прст невакцинирите како виновници за ширење на вирусот.