Папата Франциск изјави дека имал средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан кој му открил кога рускиот претседател Владимир Путин планира да стави крај на инвазијата во Украина.
– Орбан, кога го сретнав, ми рече дека Русите имаат план дека сè ќе биде готово на 9 мај. Тоа би ја објаснило и стапката на ескалација деновиве. Затоа што сега не е само Донбас, тоа е Крим, Одеса, заземањето на црноморското пристаниште Украина, тоа е сè, рече папата Франциско.
Меѓутоа, тој вели дека е песимист и кажа дека мора да се преземат сите можни чекори за запирање на војната.