Папата Франциск, на враќањето од посетата на Кипар и од Грција, изјавил дека е подготвен да отпатува во Москва на средба со патријархот Кирил.
– Подготвен сум да одам во Москва и да разговарам со мојот брат, истакнал папата.
Тој додал дека високи претставници на Руската православна црква неделава ќе го посетат Ватикан за да се договори средбата.
Вообичаено е папата да посетува држави на покана на верски и државни власти, што значи дека Франциск треба да биде поканет во Русија од претседателот Владимир Путин.
Тоа би била прва посета на еден папа на Москва.Франциск и Кирил првпат се сретнаа на Куба во 2016 година, што беше прва средба меѓу поглаварите на Римокатоличката црква и на Руската православна црква по црковниот раскол од 1054 година.
Тие тогаш изјавија дека се подготвени да работат на обединување, но оти не се согласуваат околу теологијата и идната улога на папата во повторно обединетата црква.