Папата Франциско го воздигна во Епархија под наслов „Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје“ досегашниот Апостолски егзархат во Македонија, воспоставен во 2001 година.

Веста за чинот на воздигнувањето, како што информира Епархијата, е објавена денеска напладне во Ватикан, како и во Република Македонија од апостолскиот нунциј Монс. Анселмо Гвидо Пекорари.

За прв епарх на новооснованата Епархија е именуван досегашниот скопски бискуп Киро Стојанов.