Папата Франциско денеска ги повика сите земји во светот да ги искоренат причините за трговија со луѓе и да ги заштитат жртвите.
Обраќајќи се на верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, тој упати апел до сите луѓе да укажат на случаи на експлоатација и современо ропство, да не бидат рамнодушни кон страдањата на жртвите и да се вклучат во борбата против тоа злосторство, како што тоа го прават многу католички калуѓерки.
Многу жени и деца кои избегале од сиромаштијата во Африка и источна Европа биле принудени на проституција во западна Европа, а низ целиот свет сиромашните често се третираат како робови, работејќи земјоделски, куќни и индустриски работи