Папата Франциско расчини двајца чилеански бискупи кои биле инволвирани во скандал со сексуална злоупотреба, соопшти денеска Ватикан.
Расчинети се надбискупите Франциско Хозе Кокс Хунеус од Ла Серена и Марко Антонио Орденес Фернандез од Икике.
Двајцата се расчинети бидејќи се тврди дека сексуално искористувале малолетни лица. За случајот имало многу докази, поради што канонското судење било непотребно.