Папата Франциско им порача на младите Французи дека сексот е голем дар од Бога, а не табу, и дека треба да биде плод на животната, страствена љубов на мажите и жените.
Папата пред група млади католици од Греноблската бискупија ги повика да ја заштитат својата сексуалност од порнографијата и други искушенија коишто го издвојуваат сексот од љубовта.
– Луѓето паѓаат и прават гревови, но тоа не е сексуалноста на љубовта. Сексот е дар од Бога, а не табу, и има две цели: покажување љубов и создавање живот, нагласи тој.
Црковното учење исклучува секс пред брак и дозволува полов однос само помеѓу жена и маж. Исто така, Црквата е против вештачката контрацепција.