Папата Франциско денеска отвора четиридневен самит во Ватикан за борба против свештеничко сексуално злоставување деца на кое треба да учествуваат челници на околу стотина бискупски конференции од сите континенти.

Настанот е органзииран како одговор на новиот бран скандали во САД и во Чиле.

Здруженија на жртви бараат на собирот да се договори конкретен акциски план за борба против педофилија.

Многу католички лидери ширум светот продолжуваат да го штитат угледот на Црквата, негирајќи дека свештеници силуваат деца и ги дискредитираат жртвите, а и самиот папа признава дека направил слични грешки.

Меѓутоа, папата Франциско го смени мислењето и со себе ги поведе и останатите црковни великодостојници, кои ќе присуствуваат на овој вонреден самит.