Папата Франциско, кој патува во Обединетите Арапски Емирати, изјави дека со голема загриженост ја следи кризата во Јемен и ги повика сите страни да го почитуваат меѓународниот договор и да осигураат пат храната да стигне до тие на кои им е наменета.
– Населението е исцрпено од долгогодишните судири и многу деца се прегладнети, но не можат да стигнат до складовите со храна. Плачот на овие деца и нвните родители стигнува до самиот Бог, рече папата пред десетици илјади луѓе собрани на Плоштадот св. Петар, во текот на денешната миса.
Децата во Јемен се гладни, жедни и без лекови.
– Ги повикувам сите вмешани страни и меѓународната заедница да ги почитуваат постигнатите договори, да ја гарантираат дистрибуцијата на храна и да работат за добробит на населението, додаде папата.
Тој додаде дека има деца кои се гладни, жедни и оставени без лекови.
ОАЕ имаат водечка улога во воената коалиција која ја предводи Саудиска Арабија во четиригодишната војна против проиранското движење на Хутите во Јемен. Тој судир ја втурна најсиромашната држава на Арапскиот Полуостров на работ од гладување.
Папата Франциско ќе биде првиот папа кој ќе стапне на Арапаскиот Полуостров од каде што двапати ќе и се обрати на јавноста.