Рускиот претседател, Владимир Путин, го предводеше маршот на Бесмртниот полк во Москва, кој ја одбележува годишнината од Денот на победата над фашизмот.

Путин носеше фотографија од својот татко во поворката на Бесмртниот полк, а ширум Русија и Европа, каде што се одржува ваква прошетка, вообичаено е да се носат фотографии од предци кои учествувале во борбата против фашизмот.

Во цела Русија денеска се одржаа традиционални воени паради по повод Денот на победата во Втората светска војна, а централната манифестација се одржува на Црвениот плоштад во Москва каде што Путин одржа говор.