Продукциската куќа „Парамаунт пикчрс“ подготвува нова, видоизменета преработка на филмскиот хит од 1997 година, „Без лице“ (Face/Off).
Проектот е во претпродукција. Сценариото ќе го пишува Орен Узиел, а глумците и режисерот сѐ уште не се познати.
Во оригиналната верзија, главните улоги ги толкуваа Џон Траволта и Николас Кејџ.