Осум години откако ги загуби раката и ногата во напад на ајкула, францускиот парапливач Лоран Шардар (29) освои денеска бронзени медали на Параолимписките игри во Париз во дисциплините 50 метри делфин и 100 метри слободно.
Во август 2016 година, Шардар беше нападнат од ајкула додека сурфаше пред родниот град Реунион. Притоа загуби рака и нога.
Со парапливање почна во 2019 година и на Параолимписките игри во Токио пред три години беше блиску да се искачи на подиумот, завршувајќи на четвртото место. Овој пат успеа да освои два бронзени медали.
„Го освоив бронзениот медал, да го освоиш во ваква атмосфера е лудост“, рече тој по трката во микрофонот на француската телевизија.
Желбата за сурфање не го напуштила. Благодарение на специјално адаптираната протеза, тој продолжува да сурфа рекреативно.
ФОТО: Фејсбук